За време на телевизиското обраќање кон грчкиот народ Алексис Ципрас изјави дека поднесува оставка, бидејќи го има завршено приот в циклус по преговорите со доверителите и доделувањето на првата транша од новиот план за спас за Грција, соопшти GRreporter.
Тој ги наброја успесите на владата за време на преговорите со кредиторите, и како што наведе знае точно има заработено и што загубила Грција.Премиерот изјави дека сега треба народот да одлучи дали владата се справила успешно или не, и тоа ќе се случи преку демократската процедура – изборите кои најверојатно ќе се одржат на 20 септември. Алексис Ципрас изјави дека народот треба јасно да изјави кој сака да ги продолжи преговорите со доверителите за државниот долг. По крајот на своето обраќање премиерот се упати кон претседателската резиденција, за да ја предаде својата оставка и онаа на владата на претседателот Прокопис Павлопулос.
