Ја ледиме ситуацијата од Гевгелија, Грција и Турција, коментира заменик-министерот за внатрешни работи на Бугарија – Филип Гунев. Ситуацијата и во трите земји е сериозна, истакна тој. Ние успеавме да ја држиме ситуацијата под контрола, увери Гунев. Тој не очекува сличен бегалски поток и кај источниот.
Речиси 15 000 луѓе се приведени на границите за последните 6 месеци. 1/3 се фатени на границата , а другите (околу 5.000) во земјата и трета група, при обид да избегаат од земјата кон Западна Европа. Заради засилената контрола Бугарија бегалски поток се насочи кон Македонија.
Бугарија не е логичен пат за бегалците, посочи заменик-министерот за внатрешни работи. Копнени армиски сили и “гранична полиција” почнуваат заеднички активности на критичните точки на зелена граница и граничните премини. Ова е одлучено на вчерашната средба во МВР, на која присуствуваа шефовите на службите, премиерот Бојко Борисов и министерот за финансии Владислав Горанов. Акцијата започнува од вторник .
Војската ќе се вклучи и со техника. Ќе се зголемат и хеликоптерите на граничарите, кои ќе го зајакнат надзорот од воздух. Филип Гунев, рече дека се прави сé за да не влезат на наша територија луѓе кои сочувствуваат кон терористичките групи.
