Илјадници Сиријци с екачени на траекти до Атина од грчкиот остров Лезбос, откако ги ризикуваа своите животи во Егејското Море во патување од Турција, пишува весникот The Daily Express.

2500-те мигранти, кои тргнуваат од пристаништето во Митилини, се само мал дел од вкупно 160 илјади луѓе на пат кон грчката престолнина Атина. Грција е преплавена со голем број бегалци кои доаѓаат од источните егејски острови.Кризата со мигрантите ескалира во неделата, кога илјадници од нив преку Македонија влегоа во Србија.Меѓу 10-те илјади претежно сириски бегалци имаше исцрпени жени со бебиња и мали деца, кои ја поминале границата пеш.
Имад Шуман вели дека нема избор освен да бара спас во Европа. “Изгубивме сè во Сирија, треба да ни помогнете да ја запреме војната”, вели тој. “Ако сега војната заврши, си заминувам веднаш одовде. Не сакам да живеам во Европа “, објаснува тој.