Внтрешно-партискиот противник на Ципрас го доби третиот мандат да формира грчка влада

од desk3
94 прегледи

lafazanis12

Лидерот на парламентарната група Популарно единство Панајотис Лафазанис денеска од претседателот Прокопис Павлопулос го доби третиот и последен мандат да формира влада на Грција.

Павлопулос го информира дека мандатот трае три дена и завршува во четврток на 27 август.

Лафазанис,пак, изјави дека ќе го употреби мандатот за да покаже дека на земјата и треба анти-меморандумска влада.

По заминувањето од кабинетот на претседателот, Лафазанис остро ја напрадна Владата на Ципрас велејќи дека прибегнување кон избори по итна процедура е показател за екстремен анти-демократски став.

– Му кажав на претседателот на земјата да не учествува во итно гласање. Претседателот не е претставник на Владата. Тој му полага сметки и е одговорен пред грчкиот народ, рече лидерот на Популарно единство./МИА