Јахјага:Потпишаните договори значајни за иднината на Косово и Србија

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага ги поздрави четирите потпишани договори  синоќа во Брисел, во рамките на дијалогот меѓу Косово и Србија, какао „значаен  миг за зајакнување на нашиот уставен поредок и нормализирање на односите меѓу двете земји“.

jahjaga_0

На нејзиниот профил на фејсбук таа напиша и дека имала телефонски разговор со премиерот Иса Мустафа, кој ја предводел косовската делегација, при тоа нагласувајќи дека постигнатите договори го зајакнуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Косово и аспирациите да биде стабилна и просперитетна држава.

Тоа во истовреме, според Јахјага ќе помогне во интеграцијата на српската заедница во инситуционалниот и општествениот живот  во земјата, во согласност со Уставот и законите.

Таа оценува дека потпишаниот пакет договори ја потвдува одлучноста и сериозноста на Република Косово во дијалогот.

Според  шефот на дипломаријата и вице премиер Хашим Тачи со постигнатите договори Косово инвестирало во европската иднина на децата.

-Ова е една инвестиција за иднината на нашите деца. Економскиот и политички бенефит е јасен,додека сега очекуваме забразни чекори во потпишувањето на Спогодбата за асоцијализаја и стабилизација, интеграцијата во НАТО, визна либерализација членство во УНЕСКО,ИНТЕРПОЛ И Советот на Европа. Ова во превод значи стабилност и економски инвестиции. Репуликата е зацврстена, – напиша Тачи на Фејсбук/МИА