Приближно 23% од потенцијалните гласачи се подготвени да гласаат за СИРИЗА на претстојните вонредни парламентарни избори во Грција. Ова го пишува Efimerida ton Syntakton, повикувајќи се на податоци од истражувањето на компанијата ProRata. По лидерот СИРИЗА, следниот по популарност меѓу Грците е опозициската партија “Нова демократија”. Таа е поддржана од 19,5% од гласачите.

ципрас сирис

Следат ултрадесничарската “Златна зора” со 6,5%, Комунистичката партија на Грција со 5%, Панелинистичкото социјалистичко движење (ПАСОК) за 4,5%, “Потами”  со 4% и новата партија Национално единство со 3,5 %, информира Агенцијата “Фокус”. Наводните сојузници на СИРИЗА – “Независните Грци” (Анел) – како што се очекуваше, нема да можат да дојдат до потребните 3% и да влезат во парламентот. За нив се подготвени да гласаат помалку од 2% од испитаниците.

Слични содржини