Заев: Ако не се избере спец-обвинителот, “бомбите” продолжуваат…

од desk3
95 прегледи

Првиот опозиционер Зоран Заев, вели дека за нив е апсолвирана дилемата дали до 15. септември ќе се избере специјалниот јавен обвинител, а доколку во договорениот рок не се избере обвинителот, бомбите продолжуваат.

Zaev_Berovo 5

Во моментот се преговара за јавниот обвинител, таканаречениот специјален јавен обвинител, којшто ќе биде надлежен да отвори постапки пред истражни и истражни и да донесе одлуки за сѐ што е поврзано и сѐ што произлегува од прислушувањето. Тоа им го должиме на граѓаните по пат независен, преку независен специјален јавен обвинител, овие постапки да се отворат, да се каже што е точно, што не, и согласно тоа да се покренат процесите.

Ние сме убедени дека решение мора да се најде. Точно е дека не сме до крај на чисто и ние од опозицијата и тие од власта, во делот на решението. Но, апсолутно сме согласни во неговата целосна автономија. Согласни сме дека во договорот стои нов јавен обвинител со целосна автономија којшто ќе биде надлежен за сѐ што произлегува од прислушувањето и сѐ што е поврзано со прислушувањето, на предлог на четирите партии потписнички.

Различноста во концептите постои во делот на тимот околу самиот специјален обвинител. Сеуште сме на позиции дека, согласно постојниот закон за јавно обвинителство, секој јавен обвинител има обвинители во самото Обвинителство, власта тврди дека тоа треба да се реши со стручни служби и стручни соработници.

Апелирам до стручната јавност, еве, да помогне и да даде свои коментари. Постојат стручни соработници во делот на профилот, како што постојат во судовите, или не во Јавното обвинителство. Ние знаеме дека стручните соработници ги има во судовите, покрај стручни соработници коишто значат практична, техничка поддршка, во јавното обвинителство постојат од таков тип, но стручни соработници на ниво како судовите, не постојат.

Верувам дека овие прашања брзо ќе се разрешат. Веќе сме договорени генерално во разговорите околу автономијата на специјалниот обвинител. Договорени сме околу начинот на истражните одделенија, преку селекцијата на инспекторите, нема дилеми и различности околу неговите примања, околу техничката опременост којашто мора да ја има. Остануваат вакви суштински моменти коишто верувам, во деновите коишто се пред нас, ќе бидат разрешени, заради тоа што, дилемата којашто постои во јавноста, дали до 15-ти септември ќе се избере специјалниот обвинител, за нас е апсолвирано прашање. Мора да се избере специјалниот  обвинител. Тоа е договорено, гаранторите се овде, и вараќање назад нема.

Од тој аспект, ние на 1-ви се враќаме во Парламентот, сѐ со цел да придонесеме, меѓудругото, да се донесе и законот за специјалниот обвинител, односно измените и дополнувањата на постојниот закон, а и најкасно до 15-ти да се избере обвинителот којшто ќе ги отвори овие постапки.“, изјави Заев .

Според првиот опозиционер, немало бегање од одговорност за никој политичар.

“Согласно позитивните законски прописи во Република Македонија. Се знае колкав е рокот за предизвршна постапка, колкав е рокот за истражна постапка, и за донесување на одлуките од страна на секој обвинител, така и на овој обвинител. Секако, до изборите јас очекувам да паднат обвинителни акти, да се донесат одлуки, да се појави и Заев и Груевски на обвинителна клупа. Нема бегање, ние сме подеднакви со сите граѓани. Ако некој се огрешил по законот, има да одговара по законот. Нови амнестии на Македонија не и требаат. Секако, согласно доказите коишто постојат во постапката. Независно јавно обвинителство за коешто се залагаме на чело со специјалниот обвинител, мора да ја истурка оваа работа. Ова е многу важно, заради тоа што, тоа е и првиот чекор во реформите кон независен правосуден систем во Република Македонија.”-посочи првиот опозиционер.

Заев и понатаму нема доверба во актуеланата власт.

“Гаранција нема и не смее опозицијата да каже дека постојат . Ние се изгоревме неколку пати, и од процесите што беа прогласени за тоалет хартија, и од многу други, би ги нарекол, перфидни и нелогични дејствувања од моќната власт којашто девет години владее и се оддалечи од граѓаните и сега им е тешко да се приземјат назад. Но, тука е меѓународната заедница, со своите претставници, коишто беа модератори на ова што го постигнавме и се гарантори. Секогаш се овде да дадат чекор кон исполнување на договорот.

Една работа да биде јасна за сите. Ако има Специјален јавен обвинител на 15-ти септември тогаш сме исполниле едно поглавје од договорот. Но, тоа не значи само исполнување, тоа значи дека Заев и опозицијата ќе има кому да му ги предадат материјалите. Ако нема кому да ги предадеме материјалите „бомбите“ продолжуваат и око нема да ни трепне.

Нашата надеж е дека процесот ќе биде сериозно сватен од сите политички чинители, за да продолжат сите докази, низ специјалниот јавен обвинител, низ Анкетната комисија, низ сите институции на системот. Буквално ова е зависно едно од друго. Не може никој да избега од обврската којашто е превземена со потписот којшто е ставен на тој документ. Таа обврска е на сите потписници на договорот од втори јуни и протоколот од втори јуни. Така да бегање од оваа работа нема, едно со друго си носи свои последици. Вака или онака, слободата, демократијата, правдата, европската иднина на Република Македонија, ќе биде потврдена и верификувана. 24 ти април е многу блиску и тоа граѓаните ќе го осознаат.

Ако Заев не ги предаде материјалите, на 15 ти, кога ќе биде избран јавниот обвинител, тоа е обврска според договорот од втори јуни. Ако нема Специјален јавен обвинител, јас немам намера на Зврлевски да ги дадам овие докази коишто ги поседуваме. Тогаш, кога немате кому, на која институција да ги предадете материјалите останува причината којашто беше присутна и досега, ќе бидат споделени со граѓаните до крај, со се што постои.”-изјави Заев.

 

Според него евентуалната објава на новите бомби за Монструм и за А1 и за лустрацијата, за многу други процеси, некои велат за Шпион, некои за Детонатор.

“Тоа значи се што постојат докази кај нас. Дали се работи за процесот Монструм, за А1 телевизија, или за други процеси, тие ќе бидат споделени. Се надеваме дека низ институциите на системот граѓаните ќе ја осознаат вистината и за Монструм и за А1 и за лустрацијата, за многу други процеси, некои велат за Шпион, некои за Детонатор, за еден куп работи. Се надевам дека ќе помогнат за многу луѓе да добијат правда, но да ја отворат вистината до крај, како што си е редот, низ институциите на системот. Ако тоа не се овозможи преку Специјалниот обвинител, ние си продолжуваме понатаму овие докази да ги споделуваме со граѓаните.

Едно со друго е врзано и се надевам дека процесите ќе се решаваат многу порано од крајните рокови. Ако 15 ти е рокот за Специјалниот јавен обвинител, очекувам барем неколку дена порано тоа да биде обелоденето. Имаме многу обврски, очекувам да се разговара на почетокот на септември и за тоа како да дојдеме до независни медиуми, МРТВ, Агенцијата за аудио и аудио визуелни услуги, Антикорупциска корупција и други независни институции коишто мора да бидат независни а не се. “-информираше Заев.