Полска мобилизира технички средства на војската, за да провери дали историското откритие, нацистички воз полн со злато кој исчезнал во Втората светска војна, е вистинито и на посочената локација

. Министерот за одбрана испрати технички средства на местото на кое се тврди дека е откриен возот, за да се извршат испитувања и да се провери постоењето на овој воз, објави вели портпаролот на Министерството за национална одбрана.За тоа декаго откриле возот, соопштија двајца Полјаци. Приказната на Истражувачите на возот се совпаѓа со локалниот фолклор за исчезнатиот товар со доаѓањето на руската армија во земјата на крајот на Втората светска војна.
Општинските власти во Долна Шлезија веќе изразија сомневање во вистинитоста на приказната. Сепак префектот на регионот Томаш Смоларж презел низа мерки за да го ограничи пристапот до областа каде што треба да се наоѓа возот. Информацијата за новото откритие по ништо не се разликува од десетиците други кои сме ги добивале во текот на годините, категоричен е Смоларж.
И Русите и Евреите го сакаат златото од нацистичкиот воз
Русија и Светскиот еврејски конгрес претендираат за златото од нацистичкиот воз трезор, откриен во Полска, информираат руските агенции, цитирани од “Монитор”.Станува збор за оклопниот Трезор воз од времето на Втората светска, во кој Германците најверојатно го превезувале злато
.Веднаш по веста за откритието во полскиот град Валбжих рускиот правник Михаил Јоффе изјави дека според меѓународното право богатство треба да биде предадено на Москва ако се докаже дека тоа било украдено од територијата на поранешниот СССР. Паралелно со тоа претседателот на Светскиот еврејски конгрес Роберт Зингер претпостави дека златото припаѓало на загинатите во концентрационен логор Евреи и затоа тоа треба да биде вратено на нивните наследници. Полските власти сепак ги легнаа на земја“ надежите на Русија и на конгресот, велејќи дека “според законот сите се наоѓаат на територијата на Полска и вредностте секогаш се пренесуваат во државната ризница”. Тоа го потврди заменик-министерот за култура и националното наследство Петар Жуховски во интервју за Радио Jedynka.
Во меѓувреме официјална Варшава изјави дека сведочењето од радарот потврдиле присуството на оклопни воз под земја во реонот на градот Валбжих. Композицијата потенцијално се наоѓа во подземниот нацистички комплекс, познат под името Ризе, изграден за време на војната.Според полското издание Gazeta Wroclawska, возот најверојатно е во напуштен тунел на патот меѓу Валбжих и Свебодзице. Влезот во тунелот сепак е затрупан и според извори на полските новинари ископувањата можат да потраат до половина година. Руски медиуми пишуваат дека до крај не е познато што точно има во возот . Од документи од Втората светска војна, сепак станува јасно дека во 1945 година за време на повлекувањето од Шлезија нацистите навистина изнеле од Бреслау (денес гр. Вроцлав) со оклопни воз околу 300 тони злато. Оттогаш сепак никој не го видел ова богатство, а обидите да биде најдено биле безуспешни. Новинарот Том Бауер пак смета дека во нацистичкиот воз може да се наоѓа легендарната Жолта соба на цар Петар I, која се проценува на 380 милиони. долари.