Хамилтон со седма по ред полпозиција

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува сo  првата позиција на денешната  трка за Големата награда на Италија, откако ја освои денешната квалификации на патеката Монца.

хамилтон

Лидерот на табелата кај пилотите направи најбрз ткруг со време 1 минута 23.383 секунди и на тој начин ја освои 11-ти полпозиција од почетокот на сезоната и седми последователен. На овој начин тој го израмни постигнувањето на Михаел Шумахер, кој освои 7 последователни квалификации во сезоната 2000/01, а апсолутниот рекорд го држи Аиртон Сена со осум. Од Второ денеска  ќе тргне пилотот на Ферари Кими Раиконен, а третото време го има  Себастијан Фетел. Клубскиот колега на Хамилтон и негов главен конкурент за титулата – Нико Розберг, ќе почне дури од 4-та позиција.