Русите во Дамаск отвориле диспечерски центар за воздушни напади и за испорака на оружје, САД нервозни…

од desk3
103 прегледи

Државниот секретар на САД Џон Кери изрази загриженост пред рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров од медиумските пораки дека Русија испраќа воен персонал во Сирија. Според Белата куќа евентуално зајакнување на руската поддршка за претседателот Башар Асад ќе доведе до ескалација на сирискиот конфликт и зголемување на протокот на бегалци.

8d434a1d227929b8c509cceaa6703ccf (1)

Повод за тревогата на американскиот прв дипломат го објасни весник “Њујорк тајмс”, кој објави дека Русија испратила во Дамаск тим од воени советници заедно со опрема, вклучувајќи и диспечерски центар, кој ќе и овозможи на Москва да ги зголеми испораките за својот сојузник и дури да започне воздушни напади против сириските бунтовници.

Според Кери зголемувањето на руското присуство може да доведе до “понатамошна ескалација на конфликтот во Сирија, пропаст на уште повеќе луѓе, зголемување на бегалскиот поток и ризик од конфронтација со коалицијата”, предводена од САД.

Руската официјална агенција ТАСС, која ја пренесува оваа порака, не дава информации каков одговор дал Лавров, туку само дека двете страни се согласиле да продолжат во следните месеци консултациите за постигнување мир во Сирија.

Американскиот генерал Марк Хартли коментираше пред CNN дека проблемот во сето тоа е што ќе направи Асад – дали ќе војува со Исламска држава или ќе користи оружје против слободните сириски борци и Курдите.

Вчера рускиот претседател Владимир Путин потврди дека Русија го поддржува Асад со борбена техника и обука на борците.