Германија ги отвора вратите за работници од Балканот

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Германија, каде сега има 600 илјади слободни работни места, може да обезбеди вработување и платена обука за работа за граѓаните на земјата од шест земји од Западен Балкан. Ова го најави министерката за социјални работи, Андреа Налес од партијата СПД велејќи дека годишно во Германија би можеле да влезат повеќе од 20 илјади луѓе ако ти со себе ја поведат своето семејство.

959730754
Таа рече дека Германија сака на граѓаните од шестте земји од Западен Балкан да им го олесни вработувањето и платена стручна обука во земјата, пренесува „Дојче веле“.
– Во Германија моментално се слободни 600 илјади работни места. Мораме да создадеме контингент на дозволи за работа за граѓаните на шестте земји од Западен Балкан. Тоа би било можност да се прекине сложената ситуација околу влезот во Германија и депортацијата, рече Налес.
Таа предлага во следните пет години, за луѓето од овие земји да се обезбедат вкупно 20 илјади работни дозволи, без оглед на квалификација.
Овој предлог се однесува на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија и Албанија. Хрватска, бидејќи е дел од Европската унија, не припаѓа во групата.
Услови за добивање на работа ќе биде: одобрување на германската Агенција за вработување, конкретна понуда за работа или стручна обука – со плата на локално ниво.
– Не може да продолжи практиката со земји како што се Босна и Херцеговина и Црна Гора да преговараме за кандидатура за членство во ЕУ, а во исто време луѓе од овие земји да можат да доаѓаат во Германија само преку нашите закони за азил. Ова е погрешен начин и го оптеретува системот предвиден за барателите на азил, рече Налес.
Планирани се и уште некои олеснувања
– Треба да се укинат непотребните пречки. Можам да замислам дека на луѓето од Западен Балкан, по три месеци престој во Германија, на три години да им се укине правилото на приоритет за Германците и граѓаните на ЕУ. Ова ќе го ослободи агенциите за вработување”, рече Андреа Налес.
Таа ја отфрли идејата за целосно укинуавање на овие прописи.
– Се уште има 240 илјади млади луѓе кои не успеваат да најдат работа и еден милион долгорочно невработени лица. Не смееме да ги заборавиме нив,потенцира таа.