Даночните приходи на ЕУ покуси за 168 милијарди евра поради затајување на ДДВ

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Вредноста на затаениот данок на додадена вредност (ДДВ) во 26 земји членки на Европската унија во 2013 година се проценува на 168 милијарди евра, соопшти Европската комисија (ЕК).

EVROВо 15 земји членки на ЕУ, вклучувајќи ги и Ирска, Летонија и Словачка во 2013 година резултатите во прибирањето на ДДВ биле подобри. Во преостанатите 11 земји, меѓу кои и Германија, Италија, Грција, Естонија и Полска приходите од ДДВ потфрлиле.
На листата, инаку објавена на званичниот сајт на Европската комисија, ги нема Кипар и Хрватска. Кипар го нема бидејќи, поради кризата во која се најде, земјата не располагаше со валидни статистички податоци. Хрватска е пропуштена бидејќи во ЕУ влезе во втората половина од 2013 година.
Поради затајување и разни други злоупотреби во плаќањето на ДДВ, ЕУ во 2013 година загубила 15,2 отсто од даночните приходи, или 168 милијарди евра, пренесува АФП.
Поради затајување на ДДВ, Франција во 2013 година беше во загуба од 14 милијарди евра, а Германија 25 милијарди евра, се вели во извештајот на Европската комисија.
“Последниот извештај на ЕК уште еднаш ја нагласува потребата за сериозна реформа на системот на ДДВ”, прокоментира еврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московичи, потсетувајќи дека ова е еден од најголемите проблеми со кои во последно време се занимаваат Комисијата.