Ќе остане ли слободната зона Бунарџик, без компанијата Џонсон Контролс, односно сегашна Вистeон Електорникс? Се погласни се шпекулациите дека првиот странски инвеститот во Бунарџик заминува од Македонија, бидејќи завршува и периодот за државна помош-пишува Алсат – М . Се обиделе информацијата да ја провераѕ во компанијата, но ги информирале дека менаџментот не е во земјава и дека деновиве таму нема никој, бидејќи ги продолжиле празниците.
Одговори побарале од Дирекцијата за Технолошко – индустриски развојни зони, но директорот Виктор Мизо, вели дека тие не се потписници на договорот со оваа компанија и не упати кај менаџментот на Вистеон Електроникс и кај Агенцијата за странски инвестиции.
Во Агенцијата веќе два дена молчат. Директорот Климент Шеќеровски, не одговара на прашањеата на Алсат – М, дали Вистеон Електроникс ја напушта зоната Бунарџик?
Повеќе ТУКА
