Нема човек кој не сака банани. Тие се омилен плод за сите без оглед на возраста, професијата или друг критериум. Најмногу сепак ги сакаат спортистите. Популарноста на бананата не се должи само на нејзиниот вкус, но и на мноштвото витамини и минерали, кои се исклучително здрави.
Просечно една банана има 110 калории, богата е со калиум, манган, витамин B6 и C, исто така и на влакна. Не содржи холестерол и масти, а пасирана може да служи како замена на маслото.
Докажано е дека е мудро да консумирате банана наместо сладок енергетски пијалак. И тоа не е сè. Според јапонско истражување, бананите чија кора има црно кафени дамки произведува состојка која ги уништува клетките на туморот.
Станува збор за тумор некрозен фактор (ТНФ), кој се бори против абнормалните клетки. Колку кората е потемна и попокриена со дамки, толку се посилни антикарцегонените состојки на бананите. Освен тоа после бурна ноќ придружена со неколку чаши вино, бананата ќе биде вашиот одличен сојузник во борбата против мамурлакот. Заслугата е на калиумот. Лекарите и нитриционистите советуваат консумирање на една банана пред спиење за добар сон. Дневната потрошувачка на овој плод помага и за подобрување на имунитетот, што е особено важно во периодот на настинки, вируси и грипови.