Проблемот со штрајкот на машиновазите во МЖ сепак не е реше. Од Независниот синдикат на машинскиот персонал, информираат дека се уште се во бојкот и дека нема да ги извршуваат работните обврски се додека не добијат писмени гаранции за барањата околу навремената исплата на платите.

Како што информираше претседателот на овој синдикат Душко Чакаровски, тсо нивниот синдикат не бил постигнат никаков договор, иако биле репрезентативни.Тој информираше дека пензионери и лица со нарушено здравје управуваат возови во државата, вработени со договор на дело во времетраење од три месеци. Некои од нив имаат наполнето 70 години и одамна ги имаат заборавено возните линии.
Сметаат дека раководството и владата се обидуваат да го скршат нивниот отпор, па така успеале да заплашат десетина машиновозачи да управуваат со локомотивите што е уште еден проблем во железничкиот сообраќај.
„Во моментов од 105 машиновозачи работат само петнаесетина. Исто така од вчера се ангажирани и двајца пензионери со договор на дело за 3 месеци. Едниот веќе вози на некоја линија, иако тоа е во спротивност со прописите и на тој начин се загрозува безбедноста на патниците“, вели Чакаровски.