Мемети: УБК и Обвинителството ме спречуваа да го истражувам прислушувањето

од desk3
87 прегледи

УБК и Јавното обвинителство биле главната пречка поради која Народниот правобранител не можел да го истражува прислушувањето.

memeti1

Во изјавата за 24 Вести тој објаснува дека барал да му бидат доставени бараните податоци повикувајќи се на законот за Народен правобранител, според кој, сите органи се должни да соработуваат со правобранителот и да му обезбедат и документи со највисок степен на класификација „државна тајна“.

Одговорот кој го добил од Обвинителството било дека нема да му бидат доставени бараните информации, бидејќи се сметаат за тајни, односно дека давањето на вакви информации би претставувало посредно откривање на мерки и активности кои по својата природа се тајни и би се довела во прашање нивната успешна примена.