Во романскиот Врховен суд почна судскиот процес против премиерот Понта, имотот му е блокиран…

од desk3
118 прегледи

Во романскиот Врховен суд денеска почна судскиот процес против романскиот премиер Виктор Понта, кој е обвинет за корупција, прикривање даноци и перење пари, пренесоа американските медиуми.

victor-ponta-620x330

Судот го почна предметот со разгледување на прашањето на законитоста на обвинението. Премиерот не мораше да присуствува на седницата на судот и тој воопшто не се појави во судската сала.

Понта, кој во неделата наполни 43 години, е првиот актуелен премиер, кој е обвинет, а неговиот имот е блокиран.

Тој негира дека ивршил злоупотреби и одбива да поднесе оставка.

Извршниот комитет на владеачката Социјалдемократска партија денеска му изрази поддршка на премиерот Виктор Понта.

– Политичката одлука на Социјалдемократската партија е дека ние ја поддржуваме оваа Влада, изјави Ливиу Драгна, привремен лидер на социјалдемократите по средбата на извршниот комитет.

Подоцна во текот на денешниот ден се очекува опозициската Националнолиберална партија да поднесе барање за гласање недоверба на Владата на Виктор Понта. /MИА