Унгарија со непослушноста го распадна СССР, ќе ја распадне ли и ЕУ!?

од desk3
101 прегледи

Главниот долг на секој човек е да се брани своето семејство. Во моментов ние го правиме тоа. Тоа е наш историски долг, вели унгарскиот премиер Виктор Орбан пред парламентот на земјата.

орбан

Нашата прва задача е да ја заштитиме границата, втората – да се спротивставиме на политиката на Брисел, на оние политичари кои не ја разбираат сложеноста на ситуацијата, нагласува Орбан, цитиран од “Новости”, а според неговите зборови 80% од Унгарците се спротивставуваат усвојувањето на бегалци.

Премиерот ги повика пратениците и да ги прифатат амандманите на законот за армијата, кои ќе и дозволат да делува надвор од границите на Унгарија. Штом Европа не може да ги заштити своите граници, тогаш ние треба да го направиме, потенцира премиерот Орбан.

Пристигнување во Европа на бегалци кои немаат право да одлучуваат во која земја ќе живеат, тоа треба да го прави земјата домаќин, вели уште премиерот на Унгарија Виктор Орбан.

Никој не е должен да прифаќа мигранти, ако не сака, категоричен е тој.

Кога во 1956 година Унгарците избегаа на Запад (по бунтот и влегувањето на советските трупи околу 200 илјади луѓе го напуштаат земјата), им беше кажано – ти ќе одиш во Австралија, ти – во Италија. Никој не решаваше сам, нагласува Орбан.

Премиерот потсети и тоа дека Унгарија е против квотите за прием на мигранти, наложени од страна на ЕУ.

Не се согласуваме со квотите, бидејќи ова го легализира престојот на бегалци во земјата.

Орбан предлага да се градат кампови надвор од границите на Унијата, а унгарските власти нудат ,уште на почетокот да се направи поделба на оние кои по војната сакаат да се вратат во своите домови од другите кои сакаат засекогаш да останат во Европа.

Според зборовите на Орбан, изградбата на ограда на границата со Србија покажала ефикасност, затоа ѕид ќе биде поставен и на границите со Хрватска и Романија.

Не станува збор за целосно затворање на границите, коментира Орбан. Секој ќе може да ги премине, но на специјални гранични премини, со пасош и легално, истакнува тој.

Пред унгарските пратеници Орбан ја истакна страшнара слика на случувањата со масовениот егзодус на народите. Неколку стотици илјади веќе дојдоа и очекуваме уште милиони, а не се гледа крајот, бидејќи уште милиони се подготвени за пат. Само еден Ирак може ни даде 10 милиони бегалци, истакнува Виктор Орбан.