Косовската полиција соопшти дека спречила напад врз премиерот

од desk3
83 прегледи

Косовската полиција соопшти дека спречила напад врз премиерот Иса Мустафа, но дека двајцата осомничени избегале, пренесува БТА.

images

Во соопштението на полицијата се наведува дека осомничените очигледно имале за цел денеска да ја запрат моторизираната придружба на премиерот, фрлајќи клинци и други метални предмети на патот. Полициски службеник се вмешал и бил повреден, а осомничените ги испуштиле металните предмети при бегството.

Вчера Мустафа беше изведен од парламентот со помош на телохранители, кои со чадор го заштитуваа од опозициските пратеници, кои фрлаа јајца додека тој зборуваше за дијалогот со Србија.