3 знаци дека сте зависник од шеќер

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Потрошувачката на шеќер се поврзува со едни од најголемите здравствени проблеми, како дебелината, висок крвен притисок, депресија, главоболка и замор. Сепак, многу луѓе не знаат дека се зависници од него. Еве неколку сигурни знаци кои ќе ве натераат да го промените начинот на исхрана.789ec1eefcbfceffe948a4338b06fdbf

Чувствувате глад кон прости јаглехидрати

Еден од знаците кои укажуваат дека сте зависник од шеќер  е тоа што вашето тело доживува постојан глад кон јаглехидрати. По нивната потрошувачка, тие многу брзо се претвораат во шеќер и тогаш организмот почнува да чувствува глад за уште. Пример за храна која може да биде наречена прост јаглехидрат се кроасани, бел леб, тестенини, бел ориз и колачи.

Започнете дека треба да додадете повеќе сладок зеленчук кон исхраната како цвекло, слатки компири, моркови. Додавањето на овие видови на зеленчук ќе помогне за намалување на апетитот кон колачи.

Чувствувате глад кон месо или солена храна

Според специјалистите здравото тело секогаш се стреми да постигне рамнотежа. Премногу големиот прием на одредени видови храна, предизвикува глад за други. На пример, ако јадете премногу сол или храна од животинско потекло (месни производи), ќе се чувствувате гладни за колачи, за да се врати рамнотежата и обратно.

Ако јадете повеќе колачи, веднаш потоа ќе барате солена храна. Затоа најнапред прилагодете го количеството на примената сол, за да може да го намалите и внесот на шеќер.

Се чувствувате лошо

Сетете се кога беше последен пат во кој се прејадовте од вашите омилени посластици до несвестица. Потоа почувствувате ли поспаност, замор, надуеност и формирање на гасови, главоболка, недостаток на концентрација? Ако сте зависник од шеќерот, знајте дека овие симптоми ќе се чести после неговото конзумирање.