Шминкерски техники за послабо лице (Дел 1)

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Како и сите жени знаеме дека качувањето на килограмите секогаш не се распределува рамномерно по телото. Под секогаш мислиме никогаш.5d77cff2a6f43b92f69ef300f2332875

Според структурата на телото, обично вишокот тежина се дистрибуира во една зона, која никогаш не е онаа која ние сакаме.

И ако со облеката можеме да ги прикриеме своите недостатоци и да ги нагласиме предностите, тие меки образи и брадичка бараат малку повеќе напор.

За среќа, козметичката индустрија открила решение за дамите кои сакаат да ги изострат цртите на своето лице, обезбедувајќи куп можности за тоа.

Ги собравме за вас најефикасните техники во еден своевиден прирачник со шминкерски техники кои ќе нѐ направат послаби.

Еве кои се тие.

1. Контурирање

За контурирањето потребно е извесно време за да се направи како што треба, па затоа можеби нема да сакате да го користите во секојдневниот живот. Откако еднаш ќе ја совладате техниката, ова е еден од најефикасните начини да го направите вашето лице послабо со шминка. Сѐ е прашање на создавање контраст помеѓу светлината и сенката.

2. Густи веѓи

Друг ефективен начин да го направите лицето визуелно послабо е да користите шминка, со која ќе ги згуснете веѓите. Тенките,  премногу искубани влакненца ќе го направат вашето лице да изгледа кружно. Користете молив или сенка за веѓи.

3. Истакнете ги очите

Ако направите очите да изгледаат поголеми и да се забележуваат лесно, тоа визуелно ќе го “разреди“ лицето. Можете да ги користите добро познатите трикови како додавање на светла боја во внатрешниот агол и нанесете маскара за волумен и долги трепки.

4. Истакнете ја коскената структура на лицето

Лесен начин да го направите визуелно послабо лицето е да нагласите на коскената структура. Сјаен хајлайјтер на јагодичките ќе ја нагласи коската и ќе ве направи да изгледате потенки.

5. Фокусирајте во центарот на лицето

Лесен и брз начин за фино лице е да користите хајлајтер во централниот дел. Започнете да нанесувате од точката меѓу веѓите и продолжете надолу, минувајте низ носот, над горната усна и централниот дел на брадата. Оваа техника ќе го фокусира вниманието далеку од образите.