Хрватскиот премиер Зоран Миловановиќ ја повика “Србија да се држи како држава, а не како територија”. “Србија мора да функционира како држава. Тоа значи да не се прави бизнис со луѓето кои пристигнуваат во Србија. Овие луѓе во Србија влегуваат со 100 евра, а излегуваат со 50 евра. За се им се земаат пари. Предложив автобуси за нивно транспортирање до хрватската и унгарската граници. Сакам да ми одговорите кој и со какви причини го одбива овој предлог “, праша Миловановиќ во интервју за српската државна телевизија.

Разговорот беше одржан во време откако беше укината блокадата на границата меѓу двете земји. Граничните премини меѓу Хрватска и Србија беа затворени во текот на ноќта меѓу неделата и понеделникот од страна на властите во Загреб поради огромниот наплив на бегалци. Само за 7 дена од Србија во Хрватска пристигнаа над 60 000 луѓе.
“Српската влада се држи како да управува со држава од Третиот свет. А Србија не е таква и јас многу добро знам тоа. Поради оваа причина ја дадов оваа изјава. Ако стануваше збор за Авганистан немаше да кажувам ништо”, рече Миловановиќ во одговор на прашањето на зошто ја нарекол Србија територија, а не држава. Пред два дена хрватскиот премиер вели дека Србија не функционира како држава, туку како територија откако пушта илјади мигранти да преминуваат границите во нивите и полињата.
На прашањето зошто Србите ги нарекол варвари Зоран Миловановиќ одговори: Кога сум рекол дека Србите се варвари? Ве молиме да ме цитирате! Јас ве повикувам да не манипулирате со луѓето, како тоа што го прави Александар Вучиќ . Вие правите инсинуации. Јас реков дека Унгарците ги сметаат сите јужно од нивната земја за варвари. Србите не се варвари, а Унгарците и нивното општество ги сметаат за варвари Арапите “, рече уште Зоран Миловановиќ. На крајот на разговорот Миловановиќ го праша презентерот дали е свесен дека Хрватска како членка на Европската унија може да го блокира членството на Србија во Унијата. “Јас не сакам вакво нешто. Ние сакаме да имаме нормални односи. Во последните денови во српските медиуми се пишува дека ние сме некаква усташки банда дека сме имбецили и идиоти. Тоа ме мачи. Уште еднаш повторувам – Српската влада дејствува а не управува како држава, туку како територија. Хрватските автобуси и возови превезуваат бегалците без да им земаат ниту едно евро. Престанете да правите бизнис од тоа. Луѓето во Србија веќе неколку месеци живеат од бегалците “, рече уште Зоран Миловановиќ.