Причини за болка за време на овулација

од Vladimir Zorba
5,K прегледи

За време на овулација настапуваат различни физиолошки промени. Градите отекуваат, стомакот, исто така, се појавува вагинален исцедок, што како текстура многу потсетува на протеини и слично. Кај некои жени се јавуваат и болки во стомакот.a9abd28f584643a40df1d9b89a0d726c

Тие се ненадејни, остри и треба да бидат вашето црвено знаме дека е време да се консултирате со гинеколог. Болките во стомачната област во деновите на овулација не се безопасни и не смеат да бидат одминати. Видете кои се едни од најчестите причини за нивната појава.

Оваријални цисти

Оваријалните цисти се една од најчестите причини за болка за време на овулацијата. Цистите би можеле да испукаат и да предизвикаат непријатност. Многу жени кои не знаат дека страдаат од поликистоза, ја игнорираат оваа болка, а така не треба. Полиистичните јајници се резултат на хормонален дисбаланс, обично поврзан со инсулинска резистенција.

Ендометриоза

Ендометриозата е воспалителна болест која негативно влијае врз јајниците и јајцеводите. Таа, исто така може да предизвика болка во деновите кога имате овулација. Други болести или моментални болки кои укажуваат на присуство на ендометриоза се болка за време на сексуален однос, запек, главоболка, вртоглавица и други.

Последица на абдоминална операција

Ако сте претрпеле абдоминална операција, дури и пред многу години, многу е можно да се добиле некаков страничен ефект, кои за време на овулација предизвикува болка.

Добро е да се обрне внимание, бидејќи  можат да се предизвикаат понатамошни воспаленија, кои ќе се одразат на процесот на зачнување.

Сексуално преносливи инфекции

Друга причина за појавата на стомачни болки во деновите на овулација се сексуално преносливи инфекции. Пример за тоа е кламидија, која може да предизвика воспаление на цевките (хидросалпингс) и пелвична инфламаторна болест. Тоа предизвикува воспаление и болка.

Слични содржини