Трет ден продолжуваат протестите на Демократскиот фронт / ДФ / пред зградата на црногорскиот парламент со барање за оставка на владата на премиерот Мило Ѓукановиќ, формирање на преодна влада и создавање на услови за спроведување на слободни и фер избори.

“Ако треба ќе стоиме тука до Ѓурѓовден”, рече лидерот на Демократската народна партија Милан Кнежевиќ. По повод повикот на претседателот на парламентот Ранко Кривокапиќ да се вратат во пленарната сала еден од претставниците на Демократската фронт Бранко Радуловиќ вели: Кога се одлучува за повикот на НАТО и самиот Кривокапиќ ќе се приклучина протестите.
“Ние веќе го повикавме Ранко Кривокапиќ да ја напушти владината коалиција”, рече од своја страна, Предраг Булатовиќ од ДФ и истакна: Го повикувам премиерот Мило Ѓукановиќ да поднесе оставка, да ја прекине политичката криза и ескалацијата. Булатовиќ категорично ги отфрли тврдењата дека демонстрантите ќе користат насилство и ќе има судири на улиците на градот.