Хрватска доби е-полиција. Отсега полицајците ќе носат мали камери, а постојано со себе ќе имаат и таблет на кој ќе има апликација преку која ќе добиваат налози, информации за настани, ќе внесуваат резултати од интервенции и податоци за лица и возила.

Камерите ќе ги носат закачени на униформата и постојано ќе снимаат.
„На тој начин ќе се види, како од една страна постапува полицискиот службеник кон граѓанинот. А од друга страна ќе може да се гледа и реакцијата на пример на осомничениот“, рече Евелин Тонковиќ, заменик министер за внатрешни работи на Хрватска.
Снимките ќе се чуваат три месеци, а во некои случаи и трајно. Ако дојде до инцидент, тие би требало да разјаснат што се случило. Засега се купени 200 камери во 50 полициски станици.
Нешто слично ќе се применува и меѓу граѓаните. Тие ќе имаат можност преку апликација на мобилен бесплатно да испратат анонимна дојава за некое случување.