Витамин Ц за подобро здравје

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Витаминот Ц е силен имуно стимулатор и голем сојузник во војната против вирусните и бактериските инфекции. Како силен антиоксиданс способен е да ги неутрализира штетните слободни радикали и така придонесува организмот да се исчисти од токсините и тешките метали. Потребен е за синтеза на колагенот кој е природен протеин и одговорен е за структурата на кожата, мускулите, коските, тетивите и лигаментите.

naslovna

Важен е и во процесот на зацелувањето на раните, затоа што создавањето на колаген е потребен за регенерацијата на оштетената површина на кожата. Придонесува за здравјето на забите, спречува крвавење на десните и појавување на скорбут. Поволно делува на добрите бактерии во нашите црева, а во исто време ги уништува бактериите и вирусите. Истражувањата потврдуваат дека витаминот Ц може да го намали ризикот од неколку видови на рак, како и срцевите заболувања. Со оглед на тоа дека е природен антисептик, значајна е и неговата улога во војната против алергии и болестите на дишните патишта, пишува порталот Народенглас.

Природните извори на витаминот Ц се овошје и зеленчук. Од овошјето кое е богато со овој витамин се истакнуваат׃ лимон, ацерола, аронија, мандарина, шипка, јагода, вишна, малина, боровинка, црните рибизли, киви, манго, ананас, папаја, лубеница, диња, слива, грозје и грејпфрут.