Државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, по седницата на Советот на јавни обвинители, рече дека обвинителствата се во многу лоша состојба.
Тој изјави дека, за него, Специјалното јавно обвинителство е политичко обвинителство бидејќи е формирано по политички договор и потврди дека во тек е изработка на иницијатива за утврдување на уставноста на Законот за специјален обвинител.
“Ако имате политички договор за некоја личност спротивно на сите правила и носење на закон спротивно на сите правила и барање избор спротивно на сите закони, тогаш сметам дека е тоа политичко обвинителство. Се гордеам што не сме политичко обвинителство” – додаде тој.
