Место на злосторството -Германски филм во Милениум

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Со заградени полициски ленти, обележани места и докази како штотуку да биле анализирани од страна на крим техничари, дел од организаторите облечени во мантили и шапки ала Шерлох Холмс, киното Милениум личеше како сет за снимање на детективски крими филм.

kino9

Водителот облечен како детектив кој драматично и мистериозно ги најави своите главни очевидци, ги поздрави присутните убедувајќи ги дека вечерва го имаат најдоброто алиби воопшто, а доказ за тоа ќе биде изборот на филмот за отворањето на 11. издание на фестивалот– “Место на злосторството”.

kino1

Првиот главен сведок беше амбасадорката на СР Германија, др. Кристине Д. Алтхаузер, која предочи дека филмот “Местото на злосторството: Роден во болка” е всушност инспириран од истоимената серија во Германија која има култен карактер. Германската култура и јазик најдобро се доближуваат преку филмската уметност, која е мултимедијална и едукативна. Она што го прави овој филм спој на германската култура е филмскиот израз, улогата на литературата, но и на музиката, која за овој филм ја изведе Хесиншкиот симфониски оркестар.

kino3

Билјана Северинова од ПроКредит Банка посведочи на течен германски јазик и истакна дека е горда што е Скопјанка, но и што работи во германска банка која има општествен слух и веќе 11 години успеваат да помогнат во доближувањето на германскиот филм и култура пред македонскиот граѓанин.

kino13

“Местото на злосторството: Роден во болка” беше вистинска крими драма со огромен предизвик за крим техничарите, но пред се главниот мотив беа најсилните емоции: љубов, омраза, желба за одмазда, длабоко пријателство и непријателство. Со врвен кастинг и режија на 21. век 90-те минути поминаа брзо и исполенто. По завршувањето на проекцијата се слушаа впечатоците на македонски и германски јазик и најавите за следните филмови кои ќе се одвиваат во киното Фросина.