НАТО започнува в понеделник со најголемите од времето на “студената војна” наваму вежби “Trident Juncture’15” во централниот дел на Средоземното Море, кои ќе се рашират и пошироко кон Гибралтар, пренесуваат светските агенции. Вежбите ќе бидат демонстрација на сила во момент кога Русија продолжува со авиоударите во Сирија и се обидува да го поврати своето влијание во Источниот Медитеран, пренесува БиБиСи.
Иако вежбите беа планирани многу пред руската воздушна кампања во Сирија, а и пред зголемувањето на тензиите околу овој конфликт во последно време, и да не е поврзано со конкретни настани, ескалацијата на конфликтите во Северна Африка и Блискиот Исток предизвикува НАТО да реагира на заканите по нејзините граници.
Во вежбата за пет недели ќе земат учество 36 илјади војници, 140 авиони и 60 бродови.
“НАТО има потреба од стратегија за јужното крило, за она што се случува во овој лак на нестабилност од Ирак до Северна Африка”, рече британскиот амбасадор во Алијансата Адам Томсон. “Ние исто така мора да се создаде стратегија спрема Русија”, додаде тој.
Русија е поканета да ги следи вежбите.