Околу 48 илјади имигранти пристигнаа за 5 дена до грчките острови, соопшти БНР од Грција.

Локалните власти стравуваат дека може да има нови жртви поради силните морски бури кои не го запираат протокот на луѓе.

мигранти

Претставници на Советот на Европа се на островот Кос, за да се запознаат на место со организацијата за прифаќање на бегалците.

На островот Лезбос секојдневно влегуваат повеќе од 5 илјади луѓе кои пристигнуваат со чамци од турскиот брег, објавија властите.

На островите Хиос и Самос исто стигаат илјадници мигранти секој ден.

Властите и претставници на меѓународни организации, како и многу волонтери помагаат на пристигнатите.

Дневно според регистрацијата, се транспортираат преку 3 илјади луѓе кон Пиреја, но не се доволни местата за сместување.

“на сите е јасно дека проблемот не може да се реши на национално ниво”, изјавија за медиумите градоначалниците на островите.

Жителите негодуваат, како против одложувања европска реакција, така и против грчката влада, која според нив, “само набљудува настрана од Атина”.

Во последниот месец се зголемија силите на европската агенција за заштита на границата “Фронтекс”, која заедно со морската стража успеаја да спречат жртви од потонати бродови со луѓе.

Претставници на Советот на Европа и денес се на островот Кос, за да се запознаат со проблемите на властите по прифаќање на бегалците.

Грција ќе учествува во утрешната средба во Брисел меѓу лидерите на ЕУ и балканските земји.

Слични содржини