Утрешната средба во Брисел за миграција криза ништо нема да реши. Предложениот документ е нереален. Јас нема да преземам никаков ангажман од името на Хрватска. Тоа,го  рече хрватскиот премиер Зоран Милановиќ по повод утрешната средба во Брисел, која се организира од претседателот на ЕК Жан Клод Јункер и во која ќе учествуваат сите од балканската рута

4472731

“Проблемот треба да се реши таму каде настанува – на границата меѓу Грција и Турција”, истакна премиерот и додаде: “Сето останато е губење на време”. “Единственото решение е запирањето на бегалската бран на самата грчко-турска граница. Тоа е реално. Можеби не во овој момент, но е реално, бидејќи тоа е единствениот начин. Сето останато што ќе се роди во главата на некој скапо платен бирократ во Брисел е неостварливо “, рече уште тој. “Има предлози луѓето еден пат кои влегле во една земја да не се праќаат на друго место. Тоа е невозможно. Оној кој го напишал тоа нема никаква претстава за случувањата. Сигурно се разбудил по неколку месечно  спиење. Нема да преземам никакви обврски во име на Хрватска. Ако воопшто дискутираме такво нешто, тогаш ќе свикаме седница на парламентот и ништо повеќе “, изјави Милановиќ.

Тој ги повика мигрантите да бидат запрени во Грција по начинот на кој тоа го прави Шпанија со повеќеслојни мерки. “Ние сме подготвени да испратиме неколку бродови  на грчко-турската граница. Други може да испратат и повеќе, и ќе видиме после месец-два како сето ова функционира, без насилство и без потопување на бродови. Но, некој очигледно има интерес сето тоа да продолжува “, смета Зоран Милановиќ. Mигрантите се движат само и единствено по патот: Грција-Македонија – Србија – Хрватска и Словенија.

4472732

Тие не одат на шопинг во Софија или Букурешт.  “Не и ‘е лесно на Ангела Меркел, но утрешната средба ништо нема да  реши. Не може да се одлучи овој проблем како обврска за секоја држава да ги приведе пристигнатите кај неа мигранти, а тие се движат само и единствено по патот: Грција-Македонија – Србија – Хрватска и Словенија. Тие не одат на шопинг во Софија или Букурешт. Документот од утрешната средба во Брисел, може да се однесува само и единствено за Грција, бидејќи тоа е првата држава која ќе го наруши тоа правило. Овој проект е несериозен “, рече во заклучок Зоран Милановиќ

Слични содржини