136
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас изјави денеска дека Европската унија треба да додели средства за подобрување на условите во камповите каде се сместени бегалци од Сирија во држави како Јордан и Либан за да се спречи бран нови бегалци кон Европа.
Според него, постојат индикации дека 300.000 луѓе од тие кампови тргнале кон Грција.
Грчкиот министер изјави по разговори со кипарскиот колега Јоанис Касулидис дека справувањето со мигрантскиот бран кон Европа е невозможно заради огромниот размер. Тој вели дека треба да се преземат активности за спречување на дестабилизација на други држави во регионот како Египет. /МИА