Поголема вклученост на ЕУ и НАТО е неопходно за решавање на македонската криза.
Кризата во која е Македонија, соочена и со хоризонтални и вертикална поделби, не е од локален, туку од регионален карактер, и како таква треба да се решава преку социјален дијалог и соработка на сите политички партии, како и поголема вклученост на меѓународната заедница, беше порачано на конференцијата за нестабилност во Македонија.

Александра Јоксимовиќ, претседател на Центарот за надворешна политика, која ја организираше конференцијата, истакна дека меѓународната заедница, пред се САД, го игнорира потенцијалното кризно жариште кое претставува Македонија, бидејќи наместо тоа е фокусирана на БиХ и нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
“Тезата дека ЕУ е неизбежен фактор за стабилноста во Македонија е повеќе фраза и за тоа треба постојано да се размислува”, рече таа, потсетувајќи дека европскиот пат на Македонија со години е блокиран поради проблемот со Грција за името.
Како што објасни Јоксимовиќ, од 2008 година, Владата во Скопје се повеќе добива авторитарен карактер, што создава постојани тензии на повеќе нивоа.
Јоксимовиќ верува дека без помош од надвор, особено од САД, некои прашањата во Македонија не може да се деблокираат
.Говорејќи на панелот “Внатрешните поделби: Ниту братство ниту единство”, гостинот од Центарот за европски студии на Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац, Дане Талески посочи дека Македонија е во замрзната политичката криза, во која е замрзната имплементацијата на договорот постигнат меѓу лидерите на македонските партии во јули минатата година.
Како што објаснува, тоа е криза на политичкиот криминал и корупцијата раширена со години, со контрола на медиумите и авторитарен начин на владеење, а ескалација на кризата дојде со скандалот поврзан со прислушувањето.
“Силната поларизација меѓу опозицијата и владата се одразува и на меѓуетничките односи”, рече тој, додавајќи дека е занишана и стабилноста во малцинските заедници, особено меѓу Албанците, каде што главната албанска партија ја обвинува онаа која е на власт, дека е вклучена во корупција и не ги штити интересите на Албанците.
Тој, во овој контекст, предупредува дека изборите кои ќе се одржат во 2016 година, најверојатно, ќе бидат проследени со насилство.
Осврнувајќи се на наводите дека САД ќе испрати специјален пратеник во Македонија, Талески се сомнева дека ќе се случи тоа, и смета дека за решение на кризата во земјата, потребно е зголемување на соработката на сите политички партии и поголеми критичните капацитети.
Тој забележува дека меѓународната заедница има многу мало присуство на Балканот и вели дека “срам за светот, која им овозможува на Грција ова неодговорно однесување и да го блокира отворањето на преговорите за името”, како пример, рече тој, двојни стандарди поради тоа што Грција е членка на НАТО .
Според директорката на Хелсиншкиот комитет Соња Бисерко, Македонија се најде пред нерешен проблем, затоа што ни ЕУ, ни НАТО, не го искористиле влијанието кое го имаат врз Грција да го решат проблемот со името.
Ненад Ѓурѓевиќ од белградскиот Форум за етнички односи смета дека меѓународните односи во Македонија се сидро на стабилноста, на што кумуваше Охридскиот договор, а од избраната влада зависи дали ситуацијата ќе се развива во регионална соработка и Берлински процес, или пак во правец на „голема Албанија“.
Потпреседателот на Центарот за надворешна политика Драган Ѓукановиќ смета дека охридскиот договор, иако едно време претставуваше адекватно решение за етничките судири, денес не е добар во смисла на европска интеграција.