“Ќе те почитуваат, само ако се плашат од тебе”- Русија крати на пензии и стипендии, дава за оружје…

од desk3
109 прегледи

Русите ќе треба да затегнуваат ремените, за да има доволно пари за … оружје. Духот наречен надворешна закана, ги тера руските владетели да ги зголемуваат трошоците за одбраната, пишува DW.

0,,17703796_303,00

“Да спречиме да се угојуваме”. Тезата беше поставена од рускиот министер за финансии Андреј Силуанов уште во текот на летото. Нацрт-буџетот за 2016 година покажува дека руските производители на оружје и лобистите во земјоделскиот сектор мирно можат да го игнорираат овој совет. На сите останати Владата им препишува строга диета за следната година.

Без порамнувања

Кремљ ја принуди владата да се откаже од плановите за штедење во секторот на одбраната. Напротив дури: воено-индустрискиот комплекс на земјата ќе добие дополнителни милијарди. Што ќе се случи за сметка на други потреби во буџетот. Така, на пример, ќе бидат намалени или замрзнати редица плаќања во социјалната сфера, при тоа многу посурово од 2005 година, кога пензионерите го блокираа Ленинградскиот булевар во Москва.

Во 2016 година работниците и пензионерите воопшто не треба да очекуваат дополнителни пари од државата. За работник се смета секој кој минатата година добивал плата шест или повеќе месеци. Овој човек нема право на дополнителна пензија, дури и да ја напуштил одамна работа. За оштетените возрасни луѓе се предвидува порамнување од 4 проценти, но не врз целата пензија, туку само на еден од трите нејзини компоненти – социјалната пензија. Министерството за труд подготвува посебен закон, со кој до 1 јануари 2017 година треба да отпаднат гарантираните со закон порамнувања на социјалните пензии.

Нема да има зголемувања и на студентските стипендии. Со нив учениците така и така не можат да преживуваат. Стипендиите биле еден вид на “подарок”, или награда за нормалната обука и немало зошто да бидат зголемени. Според рускиот вицепремиер Олга Голодец, учениците биле доволно силни и здрави, за да се прехранат сами и да ја подигнат националната економија.

0,,1461111_4,00

Одговарајќи на прашање за стипендиите, рускиот премиер Дмитриј Медведев им препорача на учениците да го следат неговото лично искуство. Во својата младост тој самиот заработувал нешто екстра како портир. Се чини дека и новата генерација студентите треба да го следи овој пример. Во исто време ректорот на вишиот московски економски институт Јарослав Кузминов предупредува дека токму младите Руси формираат новата класа на невработени. За нив нема место на националниот пазар на труд.
Ако нема работа, нема и едукација. Дури и да си успеал да пристапиш во универзитет со бесплатна обука, едвај ќе се задоволиш само со духовна храна. Треба некаде да живееш и да се храниш, нели? Во наредните години, повеќето родители нема да можат да ги “влечата” децата до нивната 25-годишна возраст. Животното ниво се намалува како целина, а не само по одделни региони и социјални групи.
Трошоци само за техника и храна
Дури и за војниците не прават исклучок во предлог-буџетот за 2016 година. Според сето тоа изгледа дека Русија ќе влезе во 2016 година со неурамнотежен буџет во секторот на “националната одбрана”, како што изјави министерот за економски развој Алексеј Улјукаев. Се очекуваше дека ќе има зголемување на платите на војниците. Ништо слично: предлог буџетот за следната година не предвидува зголемување на платите на војската. Владата воведе дополнителни даноци и такси врз бизнисот, повеќето врз нафтената индустрија, но не за да ги вложи овие пари во човечки ресурси. Дополнителните средства ќе одат за производство на значителен тврд “материјал” – за нови авиони, тенкови, ракети, проектили и сл борбена техника.
Земјоделски сектор исто така ќе биде малку корист од буџетот. На војниците можеш да им плаќаш и помалку, но ако ги храниш лошо, резултатите нема да се исти. Не треба да се заборави и на прехранбената безбедност. Земја која прави огромни трошоци за тенкови и ракети, не може да зависи од понудата на прехранбени производи од потенцијалниот противник.
Тенковите – најдобрата рeклама

Непотребно е да се каже што и да било, откако во името на својата нова борбена техника Кремљ е подготвен да го жртвува и најефикасното денес оружје – пропагандата. Буџетот за 2016 година го намалува финансирањето на руската Светињата на светињите -Russia Today. Телевизијата ќе добие речиси 2 милијарди рубљи помалку во споредба со 2015 година. Затоа ќе биде одложено и лансирањето на новите програми на германски и француски јазик. Во интерес на вистината, дел од скратените средства ќе бидат вложени во новинската агенција “Россия сегодня” и во општо-руското државна радио и телевизиска компанија. Ќе бидат скратени средствата и на новинската агенција ТАСС и на Првата програма на државната телевизија.

Јавно Кремљ ги смета тенковите за најдоброто пропагандно средство со кое ги рекламира руските достигнувања во странство. Стравот од надворешниот свет ги принудува руските раководители да ги зголемуваат воените трошоци. Уште голем дел од владејачката елита робува на старото верување “ќе те почитуваат, само ако се плашат од тебе”.

Пари само за сигурна смрт – тоа изгледа е новиот неофицијален слоган на руската власт.