Пилотите на рускиот avion А321, koj паднал на полуостровот Синај, до моментот на несреќата не поднеле никаква информација за технички проблем или каква и да е вонредна состојба на летот објави “Интерфакс”, повикувајќи се на информиран извор од Каиро.
“Од декриптираната евиденција на екипажот во пилотската кабина, станува јасно дека ситуацијата на бродот 4 минути пред исчезнувањето на авионот од радарите била нормална, разговорите се вообичаени за контактите со диспечерите, ништо не укажува за проблем на летот “, тврди изворот. Црните кутии покажаа уште дека во моментов на исчезнување на авионот од радарите во кабината се слушаат “нетипични за нормален лет звуци”. Сепак, пилотите не поднеле сигнал за несреќа, веројатно не и сфатиле што се случува. “Проблемот на авионот се има појавено неочекувано за екипажот, и дури не дал можност на пилотите да испратат сигнал за катастрофа”, коментираат уште од “Интерфакс”