САД, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПАЦЕ) изразија загриженост од серијата напади против опозициски медиуми во Турција во деновите пред последните парламентарни избори.
Портпаролот на Белата куќа Џон Ернест изјави дека САД се “длабоко загрижени дека медиуми и одделни новинари, кои се критични кон Владата, биле подложени на притисок и заплашување за време на предизборната кампања”. “Како на официјално ниво, така и во личните контакти ние изразивме нашата обезпокоеност од состојбата на слободата на медиумите, слободата на изразување и слободата на собири во Турција”, рече тој.
Американските наоди се совпаѓаат со заклучоците на европските набљудувачи.
Додека на избирачите беше дадена можноста за избор на алтернативи, “силниот притисок врз медиумите, како и ограничувањата на слободата на изразување како целина”, предизвикуваат “сериозна загриженост”, изјави Иняјасио Санчез Амор, шеф на набљудувачката мисија за гласањето во Турција на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
“За жал, оваа предизборна кампања може да се карактеризира со неправда и во голема мера со страв”, изјави Андреас Грос, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).

