Кутрас за “името”: Мислам дека ќе надвладее разумот во нашата соседна и пријателска земја

од desk3
90 прегледи

Министерството за надворешни работи никогаш не планирало да го затвори одделот за меѓународни односи на Министерството за Македонија и Тракија, изјави портпаролот на грчкото МНР Константинос Кутрас.

eu grcija

Неколку грчки медиуми изминатите денови пишуваа дека се планира затворање на одделот за меѓународни односи на грчкото Министерство за Македонија и Тракија, канцеларија која, како што беше наведено „директно се занимава со прашања поврзани со Скопје“. Иако истото прашање до Министерството за надворешни работи го упати и МИА, грчкото МНР, вообичаено не одговори, но затоа Кутрас не остана без коментар за грчките медиуми.

– Категорично демантирам дека Министерството за надворешни работи планира да ја затвори таа канцеларија, изјави Кутрас за едно грчко радио и додаде дека „овој регионален секретаријат е „антена“ на МНР во Солун со повеќе функции.

Коментирајќи ги односите со Македонија, Кутрас информира дека се почнати контакти меѓу делегациите на двете земји за изградба на мерките за доверба, и повтори дека „Грција има кристално формулирана позиција за прашањето за името“.

– Грција има направено отстапки во преговорите, долги години има формирано став и мислам дека ќе надвладее разумот во нашата соседна и пријателска земја, која како што знаете моментално се соочува со повеќе проблеми, изјави портпаролот на грчкото МНР.