Ордановски: Не верувам дека Груевски ќе се кандидира на следните избори

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Политички аналитичар Сашо Ордановски во гостувањето на вестите на Ал Џезеира Балканс изрази сомневање дека премиерот Никола Груевски ќе се кандидира на следните избори во април, јави А1 он.orda

– Ако ме прашувате лично мене, не очекувам дека премиерот ќе се кандидира на следните избори, тој е имплициран во бројни кривични дела, односно имплициран е преку телефонските разговори, така што јас мислам дека ќе биде зафатен со други работи кога ќе бидат изборите. Мислам и дека не е добро ниту за земјата ниту за владејачката партија, човек со такви политички компликации,да биде нивен пример  и има реална закана да заврши во затвор . Се зборува дека веќе има 30 до 35 дела, кои се движат од местење на избори до рекетирање и злоупотреба на функцијата на разни начни, што е крунски доказ за еден организиран криминал кој со години се одвива во Македонија на високо ниво. Не само премиерот туку и првите луѓе од неговото опкружување се во криминал до гуша – рече Ордановски.