(ФОТО) Москва ја менува тактиката во Сирија и подготвува терестријалнa операција

од desk3
77 прегледи

Меѓународната волонтерска организација InformNapalm објавува информации и слики, презентирајќи ја “новоруско-сириската” група на руски војниците, соопшти Reuters. Дали ова е вовед во терестријална операција, особено откако станува реална трагедијата со рускиот авион А321 да е терористички чин или само елемент од поддршката за Башар Асад, се уште е рано да се каже. На социјалната мрежа “ВКонтакте” е отворен профил на војник на договор во руската армија од составот на 74-а ОМБр / посебна механизирана бригада / Ајас Шалбанолович Саригол, родум од гр. Аржаан, Република Тува, Руската Федерација.

20151108.rfntwdoitm

На 30-31 октомври 2015 година, Ајас Саригол закачил на фото албумот на профилот серија од слики направени во Сирија. На неколку од сликите има и прецизни локации/ означување на географската локација на социјалната мрежа / со наведување на локацијата: Хама, Сирија.

Во кадарот се гледа и воена техника, вклучувајќи и 152 мм хаубици “Мста-Б”, транспортер – “Гас-66”, “ГАС-33081”, оклопен автомобил тип “Рис” (руската верзија на италијанското Iveco LMV) – како секогаш, без никакви препознавачки знаци.

kar

Во на сликите се гледаат и локални сириски пејзажи и снимки на самиот Ајас Саригол со колеги по оружје, кои се облечени во униформа на Вооружените сили на Руската Федерација за топла клима, како и слики на т.н. контејнери модуларна касарна.

Ова не е единствениот случај на забележани руски војници во различни региони на Сирија. Се повеќе луѓе кои се наоѓаат во земјата, објавуваат на социјалните мрежи за колони руска воена техника и руски војници.

R1

На мапата јасно се гледа каде се забележани руски војници и тоа во никој случај не е областа околу воената база во Латакија. Во минатата недела западни извори соопштија дека копнените сили на Русија во Сирија, базирани во Латакија се дуплирани и веќе се околу 4.000 луѓе.