Киднапираните Срби лоцирани во близина на Сабрата,во тек се преговори за ослободување

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Двајцата српски државјани, службеници во амбасадата во Либија, кои беа киднапирани вчера попладне на патот Триполи-Тунис, лоцирани се во поширокиот реон на местото Сабрата, каде е извршен вооружениот напад, јавува „Новости“.

libya_political_map

Во тек се интензивни преговори меѓу српските и либијските власти со групата за која се сомнева дека го извршила киднапирањето. Постои уверување од либијска страна дека српските државјани можат да бидат пуштени на слобода.