Париз е потонат во страв и тага по нападот. Повеќето локални жители сакаат да седат во своите домови и да ја следат ситуацијата на телевизија.
Полицајци, жандарми и војници ги блокираа сите клучни точки во француската престолнина. Комуналните служби ја чистат крвта по улиците. Истрагата собира докази од злосторствата. Повеќето јавни згради, вклучувајќи и музеите, се затворени.
