Абделхамид Абауд, кој се смета за “мозок” и организатор на терористичките напади во Париз, се претпоставува дека во моментов се наоѓа во Сирија.
Тој е роден во Белгија. Абауд е познат на властите екстремист. Во последните денови тој беше поврзуван со Ибрахим Абдеслам кој изврши самоубиствен напад до кафулето Comptoir Voltaire.
Француското издание Liberation го поврзува Абауд со Сид Ахмед Глам – француски студент обвинет за убиство, обид за убиство и тероризам.
По проверка на документи, телефон и компјутер во неговиот дом, станува јасно дека Глам бил во контакт со франкофонски маж во Сирија, кој му наредил да изврши напад врз црква.
Абделхамид Абауд е исто така познат како Абу Омар. Тој е поврзуван со неколку вооружени грабежи извршени заедно со 26-годишниот Салах Абдеслам.
