Поранешните вработени од Охис по четврти пат ,излегоа на мирен протест пред Владата со барање за исплата на 24 плати од државниот загубар.
Тие се револтирани поради тоа што никој од владата не ги прима на средба за да им каже кога државата планира да им ги исплати заостанатите 24 плати.
“Секој вторник сме тука и му даваме време од една недела да најде 5-10 минути за нас, гледаме преку медиумите дека насекаде е ангажиран, само за нас нема време” – тврдат екс-вработените во Охис.
“Не ни еважно кој е власт, нашите барање останува исто, а тоа е да ни се исплатат парите кои што сме ги заработиле со труд”- вели Тина Петковска, претставник на поранешните вработени на ОХИС.
