(ВИДЕО) Месиќ: Институциите во Македонија потфрлија, но по изборите очекувам решение

од desk3
68 прегледи

ZoranZaevpredavanje1811slika3

Екс-претседателот на Хрватска Стипе Месиќ пристсутвуваше на предавањето на првиот опозиционер Зоран Заев на ИФИМЕС институтот во Љубљана. Тој ги изнесе своите видувања за политичката криза во македонија.
“Мене ми е многу драго што присуствував на предавањето на господинот Зоран Заев.

Тој одлично ја претстави ситуацијата во Македонија, секако од своја гледна точка. Зборуваше за многуте проблеми во Македонија и ги кажа своите предлози за решавање на тие проблеми.

Многу од проблемите се идентични и во другите земји што се во транзиција, но има многу вистина во тоа дека во Македонија одредени институции потфрлија и постои недостаток на законската регулатива, но земјата се движи кон демокртаско решавање на кризата, почетокот е видлив и јас очекувам после следните избори работите во Македонија да бидат решени”-посочи Месиќ.