“Никакви предупредувања не беа упатени – ниту преку радио ниту визуелно (од турска страна – Немаше никаква комуникација”, изјави пилотот капетан Константин Мурахтин кој преживеа по соборувањето на неговиот Су-24 на границата меѓу Сирија и Турција.
Според него, важно е да се разбере она што е брзината на бомбардери и на борбени авиони Ф-16. “Ако сакаа да не алармираат, можеа да се покажат и да се постават во паралелна на нас позиција. Но ништо такво не се случи “, рече за инцидентот Мурахтин.
Денеска Анкара “многу меко”- Давутоглу не сака лоши односи со “пријателот” Русија
Раскажува дека ракетата ги погогила во опашката. Не успеале да направат противракетен маневар, бидејќи дури не ја ни виделе.
Во моментов капетанот се лекува, но нема трпение и сака да се врати во борба. Мурахтин изјави дека ќе побара командата да го остават да лета, бидејќи треба да се одмазди.
