Ердоган: Агресија е секое соборување турски авион при нарушување на воздушниот простор на Сирија

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Анкара ќе ја смета за агресија ситуацијата во која нејзин борбен авион ќе го наруши воздушниот простор на Сирија и биде соборен од руска протиавионска ракета, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен, од кое дел беше емитувано вчера, пренесе ТАСС.20151127.undfiujivd

„Ваков инцидент е можен и тој ќе не присили да преземеме мерки кои безусловно не се разгледуваат, изјави Ердоган. „Се разбира, тоа ќе биде агресија против нашето право на суверенитет и за државата е природно да го штити тоа право“, посочи турскиот премиер.

Ердоган во интервјуто уверува дека Турција не сака ескалација во регионот.

-Ние не сакаме да учествуваме во тоа. Но оние кои застануваат на страната на Сирија и придонесуваат за нараснување на тензиите, според мене ја носат одговорноста за тоа, подвлече шефот на државата.

Одговарајќи на прашањето дали префрлањето од Русија во Сирија на ракетниот комплекс С-400 „Триумф“ го оценува како закана за Турција и другите членки на коалицијата предводена од САД, Ердоган забележа дека „Русија одамна на Сирија и дава поддршка во областа на одбраната, уште од времето на владеењето на таткото на Башар Асад, Хафез ел-Асад. Русија на Сирија и продавала или и дава вакви ракетни системи. Невозможно е да се тврди дека тоа веќе не било направено минатата година“.

Слични содржини