ВИДЕО: Еден од лидерите на Курдите убиен среде интервју во Турција

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Претседателот на адвокатската комора на јуоисточната провинција, Дијабакир Тахир Елчи убиен е додека даваше интервју на улица, при што дојде до жестока размена на оган помеѓу вооружените курдски бунтовници и полицијата.

okrsaj-turska-650x330-650x320

Борацот за правата на Курдите, Тахир Елчи беше критикуван поради негирање на официјалниот став на Турција со која Курдистанската работничка партија (ПКК) се дефинише како терористичка организација.

Елчи загина  од погодок во главата при престрелката, потврдија извори од болницата.Тој беше притворен откако во октомври даваше коментари за ПКК на Си-Ен-ЕН Турк, но подоцна беше пупштен и ги чекаше судскиот процес.tahirelchi

Убиството се случи додека Елчи даваше интервју за медиумите. Курдските екстремисти исто отворија оган во кој беше убиен и еден полицаец, а ранети се тројца луѓе, меѓу кои и дописници од водечките турски медиуми.