Земан: Доста апсурди! Поради исламот ќе ги тргаме крстовите и ќе го забраниме свинското!

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Продолжувам да верувам дека секое прекршување на државната граница е кривично дело. Армијата и полицијата треба да ги враќаат назад сите мигранти и да не се дозволени на наша територија и уште помалку да се сместуваат во привремени кампови.

4532748

Тоа, рече претседателот на Чешка Милош Земан за приватниот телевизиски канал  “Прима”. Според него “Европската унија докажа дека не е способна да ги заштити надворешните граници во одредени земји”. “Чешка е на патот за Германија и ако Австрија и Германија ги затворат границите и Берлин почне да ги  враќа економските мигранти, тогаш што ќе се случи со нас”, праша Милош Земан. Тој не се согласи со повиците Чешка да не ги оспорува одлуките на Брисел пред судот во врска со задолжителните квоти за мигранти, како што  тоа веќе го направија Словенија, а најверојатно истото ќе го направи и Унгарија.

Милош Земан повтори за опасноста од исламот. “Исламот е некомпатибилен со европската култура”, истакна уште претседателот. “Стигнавме до апсурдно положба. Ќе ги тргаме  крстовите од ѕидовите. Ќе го забраниме свинското ли? Стравот е лоша работа, но внимателноста е нешто добро”, рече Земан по повод мерките за безбедност кои се воведуваат во Чешка.