НАТО ја покани Црна Гора да ги започне преговорите за влез во Алијансата.Ова го изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. “НАТО се зеде историска одлука за почеток на преговорите за пристапување на Црна Гора”, рече тој.Со поканата за започнување на преговори за Црна Гора вкупниот број на балканските држави, кои ќе членуваат во Алијансата може да порасне до 8.
Уште во далечната 1952 г . членовите на НАТО стануваат Грција и Турција. Тоа е само две години по создавањето на пактот и е неговото прво проширување. Треба да поминат повеќе од еден век, да падне Железната завеса и да се распадне Варшавскиот пакт, за да можат и останатите балкански земји да влезат во евроатлантските структури.
Во 2004 година е најголемото проширување на пактот на Исток. Тогаш негови членови стануваат Бугарија, Романија и Словенија.Помалку од една деценија потоа во НАТО влегуваат уште Хрватска и Албанија.Единствените балкански земји, кои се надвор од оваа воено-политичка структура која е дефинирана од експертите како најуспешниот сојуз, се Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Македонија. Последната е кандидат за членство и ги исполнила сите услови за тоа, но поради ветото на Грција не може да се придружи. Во последната година и половина поради сложената меѓународна средина – кризите во Украина и на Блискиот Исток – се повеќе експерти и политичари, вклучувајќи многу американски, се прогласуваат за кревање на грчкото вето. Според нив тоа е контрапродуктивно и доведува до дополнителни проблеми за безбедноста во регионот на Балканот.
Ова е историска одлука, изјави Столтенберг. Црна Гора е последната земја која се отцепи од веќе не постојната Југославија. Фактички со нејзиното излегување се распадна и сојузната држава, формирана по Првата светска војна. Подгорица има историски многу силни политички, културни и економски врски со Русија. Двете земји делат една религија – православието. Со векови Црногорците добивале сериозна финансиска помош од Москва. Русија има посебен интерес кон оваа планинска држава со стратешки излез на Јадранското Море. Од истата причина таа претставува вредност и за НАТО.