Поради милионско мито уапсени 12 шефови на ФИФА

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Швајцарските власти почнаа нова серија апсења на високи членови на ФИФА, соопштува “Тhe New York Times”.

4538119

Повеќе од 12 лица се  уапсени во Цирих, и  се очекува против нив да биде покренато обвинение за корупција. Властите ги спроведоа апсењата малку пред членовите на Извршниот комитет на ФИФА да го започнат вториот дел од дводневната средба, на која се дискутираат реформи во централата. Уште не се прецизни  имињата на сите приведени, но меѓу нив сигурно не фигурира тоа на Сеп Блатер. Од истрагата открија исто така, дека се уапсени двајца членови на ФИФА, кои се обвинети за прифаќање на милиони долари во форма на мито за продажба на промотивни права за квалификациите за Светското првенство, како и за турнирите во Латинска Америка.

Се очекува локалните власти да преземат индикации од двете лица подоцна денес, иако  е можно тие бидат екстрадирани во САД. Според изданието полицијата истражува актуелни и поранешни членови на ФИФА, за кои се верува дека се вмешани во вршење на мито и перење пари.  Се очекува  новите обвиненија да влијаат претежно врз  лидерите на фудбалските федерации на Јужна и Централна Америка. Во веста се истакнува дека меѓу уапсените биле и претседателите на КОНКАКАФ и КОНМЕБОЛ Алфредо Хавит и Хуан Анхел Наполи.